Украина и покрај помошта на Западот не е во состојба да го реши конфликтот и би и помогнало испраќање воен персонал од земјите на Европската унија и НАТО, но тоа би довело до апокалипса, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Западот гледа дека, и покрај значителната финансиска и воена помош, санкциите, Украина не е во состојба да го реши овој воен конфликт… Промени може да се направат само со пристигнувањето на воен персонал од земјите на ЕУ и НАТО во Украина со најмодерно оружје , но тогаш можме само да седнеме на балконот со коњак и пура и да го чекаме почетокот на светската апокалипса“, рече Фицо во видео пораката објавена на неговата Фејсбук страница, пренесува РИА Новости.
Тој посочи дека „на Украина најмногу и се потребни модерни системи за противвоздушна одбрана, во спротивно нема смисла да се размислува за проширување на производството на оружје или големи центри за обука во Украина“.