ФИФА ги промени правилата за патување во Катар – интерконтиненталниот бараж ќе се игра во еден натпревар

од Vladimir Zorba

ФИФА прави се за да им отежне на останатите да дојдат до билет за Мундијалот, откако доцна синоќа донесе одлука интерконтиненталните бараж натпревари да не се играат во утврдениот формат.

Натпреварите за последните две места кои ќе бидат познати по ждрепката ќе се играат во еден натпревар. Во нив учествуваат претставници на четири конфедерации – КОНКАКАФ, Јужна Америка, Азија и Океанија, па во јуни ќе одлучуваат за последните две имиња на списокот за Мундијалот.

Не е соопштено кои се причините за споменатата одлука, ниту каде би можеле да се играат натпреварите кои ќе се играат на неутрален терен. Се претпоставува дека „виновникот“ е пандемијата на коронавирус, што би го отежнало патувањето од континент до континент.

Медиумите веќе шпекулираат дека натпреварите би можеле да се играат на територијата на Европа, која не учествува во овие квалификации, но ќе ги добие последните екипи преку баражот што ќе се игра во март.

Слични содржини