307
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информира министерот за здравство Венко Филипче.
-Вкупно се аплицирани 1.292.383 дози вакцини, а ревакцинирани се 555.322 граѓани.Вчера вкупно се вакцинирале 13.037 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.475 граѓани.53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина. 29% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.#ВакцинирајСе без закажан термин, вели Филипче.