Филипче: 30 отсто од починатите од Ковид 19 во земјава, многу доцна се дојдени во болница

од Берта Китинска
195 прегледи

На прашање на што се должи големиот број починати од Ковид-19 минатата недела министерот за здраавство одговори дека неколку фактори влијаат.

– Смртноста не е поголема од европскиот и светскиот просек. Имаме специфичен пристап кога станува збор за тестирање пациенти кои ќе починаат. Имаме две ситуации. Во една ситуација пациентите доцна доаѓаат во болница, со откажана функција на срцето и белите дробив и бараат кардио белодробно оживување, значи практично процес на реанимација, кој таму каде не е успешен, каде пациентот починал, фамилијата укажува дека тој имал симптоми кои можат да личат на Ковид. Земаме брис постмортен со цел да знаеме дали починатиот бил носител на вирусот и да ги заштитиме членовите на семејството, рече Филипче.

Вториот момент, појасни, е што 30 отсто од вкупниот број починате за жал многу доцна се дојдени во болница.

– Тие мораше да се стават на респираторна машина. Тоа се најтешките пациенти, додаде Филипче.

Слични содржини