Филипче: 50.000 лица со хронични болести од 180.000 регистрирани во „Мој термин“ се пријавиле се вакцинација против Ковид 19

Преку системот „Мој термин“, регистрирани се 180.000 граѓани кои имаат над 70 години и хронични болести, а од нив само 50.000 се пријавиле преку системот вакцинација.мк или матичните лекари за претстојната вакцинавија против Ковид 19.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека имаат и дополнителни механизми што ќе ги активираат за да се повикаат тие категории граѓани за вакцинација.

„Тоа е нешто на што и сега тимот кој е задолжен за тоа активно ги разработува сите тие механизми. Битни се неколку работи. Прво, битно е дека е исклучително висок процентот на здравствени работници кои покажаа интерес да се вакцинираат. Ние во овој следен период од не повеќе од 10 до 14 дена ќе го завршиме процесот на имунизација на сите здравствени работници, близу 4.000 кои работат со Ковид пациенти и навистина сме задоволни и од одѕивот и од тоа како се спроведува вакцинацијата. Разговаравме со директорот на Стопанска банка за тоа дека на пример интересот на здравствени работници во Грција е многу мал, околу 15 проценти и затоа сметам дека овој интерес на нашите лекари и медицински сестри е одличен сигнал кон целокупното население за да се вакцинира“, истакна Филипче.

Информираше и дека планираат и кампањи и повици преку матичните лекари.

„Искрено верувам дека исто како што тоа го направивме минатата година кога беше епидемијата со морбили ќе го направиме и сега“, заклучи Филипче.

Слични содржини