Повикот на епископот на Повардарската епархија Агатангел за верниците масовно да дојдат во црквите за Задушница е спротивен на се она што го прават здравствените власти, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на промоцијата на 20 респираторни машини од донација од Европската Унија.

Тој напомена дека ако има масовен собир тогаш сериозно ќе биде загрозено здравјето на лицата кои ќе присувствуват.
„Го повикувам епископот да го повлече повикот, тој е спротивен на се она што го правиме и спротивно на уредбите на Владата. Ако тоа се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите таму“, кажа Филипче на промоцијата на 20 респираторни машини од донација од Европската Унија.