165
На прашањето поврзано дали во наредниот период може да очекуваме позитивно сценарио од состојбата со коронавирусот, министерот за здравство изјави дека по два циклуси на инкубација вирусот исчезнува.
-Искрено верувам дека ќе има позитивно сценарио, ако ги почитуваме препораките, социјалните контакти ќе го запрaт ширењето на вирусот.По два циклуси на инкубација вирусот не е околу нас тие што биле заболен целосно оздравеле и го нема на површините затоа да нема движења и граѓаните да ги почитуваат препораките, изјави Филипче.