Филипче: Ако има ново вето од Бугарија, време е за резолуција со црвени линии

од desk2
59 прегледи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител истакна дека Владата води неискрена политика во однос на европските интеграции и свесно го пролонгира процесот без визија и без храброст.

„Сметам дека повикот за консензус на таа тема не е искрен целосно од страна на власта. Сметам дека нема никаква намера да се направи чекор напред кон евроинтеграциите.”

Филипче истакна дека СДСМ дава бланко поддршка ако власта издејствува подобри услови во ситуацијата со Бугарија. Но, ако тоа не се случи, опозицијата е подготвена за црвени линии – но ако се случи ново вето.

„Ајде тогаш да донесеме заедничка резолуција наша во Собранието, во која ќе ги кажеме нашите црвени линии. Еве ако тоа се случи ново вето, да ги прекинеме преговорите со ЕУ.” – предлага Филипче.