Филипче апелира: Не се групирај за викендот!

од Aleksandar Petrovski

Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните. Влегуваме во исклучително ризична фаза во која вирусот е широко распростанет и можноста за заразување е голема.

Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје, напиша на Фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче.

Слични содржини