Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за „Телма кажа дека барањето на мерките е да важат за сите градови, а не само за Тетово.
„Не е за Тетово, за цела држава е. Предлогот е за секаде, на сите места, не само за Тетово“, рече Филипче
По утринската координација со членовите на Комисијата за заразни болести министерот информираше дека се предложени нови мерки до ГККШ на Владата.
– Истите се однесуваат на епидемиолошката состојба во Тетово:Забрана за оджрување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави. Ова е клучно да се почитува во следниот период, а граѓаните мора да разберат дека оваа мерка е нужна.Исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти не смее да надминува 30%, а на масите не смеат да седат повеќе од 4 лица.Засилени контроли за спроведување на овие мерки но и мерките за лична заштита и тоа пред се носење маски на затворено.Засилување на теренската вакцинација и комуникацијата на локално ниво со цел зголемување на опфатот, бидејќи е јасно дека само со вакцинација може да спречиме и ширење, и ризици од тешко заболување кај пациентите, информираше утрово Филипче.