Филипче: Бранот стивнува, денеска имаме под 900 нови позитивни лица

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека има намалување на бројот на новозаразени во земјава.

„По мини-пикoт што беше пред неколку дена, денеска имаме намалување на бројот новодијагностицирани  бројката е нешто под 900 лица, некаде околу 890. Тоа значи дека мерките се добри, а со тоа се олеснува и работата на здравствените работници, се уште имаме приеми во болниците, но притисокот е намален.Ова се знаци дека овој бран стивнува“, кажа Филипче.

Тој информираше дека салата Борис Трајковски е четвртиот пункт каде од денеска започнува вакцинацијата на сите граѓани кои се  на 73 и 74 години.

Слични содржини