Лидерот на СДСМ, Венко Филипче го праша премиерот Христијан Мицкоски дали доколку биде прифатена Декларацијата за напредокот на Македонија кон ЕУ, која ќе содржи признавање на македонскиот идентитет и јазик од страна на Европскиот парламент, ќе биде нешто што ќе биде доволна форма на гаранција да се започне процесот на уставни измени. Според Филипче, постои впечаток дека Владата секогаш има некакви принципи и црвени линии.
-На почетокот беше одложено дејство на уставните измени, понатаму беа пресудите во Стразбур и сега Декларацијата. Клучното прашање е што е тоа што е доволно. ние како Влада сосема доволно направивме да се заштити јазикот и идентитето. Доказот е дека јазикот е официјално прифатен во ЕУ без никакви ѕвездички или фусноти. Договорот со Фронтекс е потпишан на чист македонски јазик. Ќе бидиме апсолутно конструктивни, кажа денеска Филипче и истакна дека побарал поддршка од сестринските партии во ЕП за гласање на ваквата иницијатива. Денеска ќе има повеќе детали.
„Без вклучување на македонски претставник во бугарскиот Комитет за малцинства, нема да има уставни измени во Македонија – вака вчера премиерот Мицкоски испрати порака до официјална Софија. На прашањето на пратеникот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски за деталите од сценаријата на кои работи власта, премиерт одговори дека се подготвува стратегија како да се надмине предизвикот кој го наметнала претходната влада со прифаќањето на францускиот предлог, а при тоа да се заврши процесот, лакмус тест за Владата е како ќе помине извештајот на европскиот известувач за Македонија во ЕП, кој вклучува признавање на засебен македонски идентитет и јазик.
Премиерот повика на национално обединување и политичко лобирање во Брисел.