Филипче демантира раслојување во СДСМ и порача дека има единство со Пендаровски и Фрчкоски

Претседателот на СДСМ информира дека д-р Александар Трајановски ќе биде номиниран за нов потпретседател на партијата

од Nikola Popovski
51 прегледи

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска информира дека д-р Александар Трајановски, кој беше кандидат за градоначалник на Аеродром, ќе го номинира за нов потпретседател на партијата. Трајановски моментално е член на ИО на СДСМ. Филипче оценува дека „Трајановски ќе биде значајно кадровско зајакнување за раководството на партијата“.

Лидерот на СДСМ ги отфрла тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека му понудил функција на некој поранешен градоначалник во раководството на партијата, а тој ја одбил. Вели дека нема таков човек што одбил таква понуда и дека не понудил ништо на никого. Обвинувањата ги препишува на „пресовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се занимаваат со кафеански муабети“.

-Тоа што излегува на социјалните мрежи, го демантирам. Нема никакво раслојување. Навистина има единство со сите луѓе и овие што ги спомнавте. Сите помагаат во процесот како што беше и претходно. Во тој манир ќе продолжиме и понатаму, рече Филипче запрашан за „прозивките“ меѓу екс-претседателот Стево Пендаровски и екс-министерот Љубомир Фрчкоски.

Професорот Љубомир Фрчковски го обвини Пендаровски дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа во неделата вечер, во гостувањето во емисијата „Во Центар“, под наслов „Кои лоби групи сакаат да го сменат Венко Филипче“. На тоа реагираше Пендаровски кој му порача дека „изјавата е целосно одлепена од јавноста“.

Пендаровски го демантира Фрчкоски: Никогаш не сум „мешетарел“ во СДСМ, изјавата е целосно одлепена од реалноста