Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска порача дека „вистинските членови и поддржувачи на партијата“ реагираат лошо на критиките кои се упатуваат од незадоволните членови на СДСМ, бидејќи како што вели, не се издржани и затоа што не се реални. Не ги спомна директно со имиња, но, Филипче го впери прстот во Петре Шилегов и Јован Деспотовски.
-Станува збор за уценети или купени луѓе. Се повеќе ќе се засилува опозициската борба за да не бидеме во опозиција. Тие што одработуваат за нив, не се ништо друго освен колаборационисти за нивни лични интереси. Граѓаните се повеќе свесни, а некои од членовите на СДСМ застануваат во нивна (власта) одбрана. Зошто не ја критикуваат Владата или мислат дека е добра? Можат да дојдат тука во партиските тела и да ги кажат своите забелешки. Видете ги нивните пораки – зошто не сме го поддржале Сејф Сити и зошто не сме биле на лидерската средба. Тоа се прашања на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се поединци, кажа Филипче.
Според претседателот на СДСМ, Деспотовски може да тужи за сè што сака, но, нема извинување за, како што вели, соработници на ненародна власт. Филипче е дециден дека пратеничката група на СДСМ е сихронизирана и компактна и со консензус биле донесени одлуките како ќе настапи партијата во следниот период.
Поранешниот функционер на СДСМ, Деспотовски вчера со остар Фејсбук статус реагира на, како што наведува, лагите, манипулациите и внатрепартиските пресметки на актуелното раководство на партијата, предупредувајќи дека ќе преземе и правни чекори доколку не следи јавно извинување. Во едно од последните соопштија на партијата од „Бихаќка“, Деспотовски беше наречен „квислинг“.
-Искрено верувам во ова што го правам. Јас сум човек што работи милиметарски прецизна работа и добро сум пресметал пред да се нафатам, што сакам да постигнам и која е позадината. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се направат реформите и да влеземе во ЕУ. Мојата работа е искрена и се темели на чесни намери, кажа Филипче запрашан за тоа дали ќе поднесе оставка.