Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека стигнале уште 13.000 руски вакцини од предвидената донација од Србија и ја опишата целата состојба со вакцините кои што треба да пристигнат во земјава.
„Ова е заокружување на тие 20.000 вакцини што беа предвидени. Не сме разговарале за дополнителна помош од Србија. Што се однесува до кинеските вакцини, тие се пристигнати во Истанбул и треба да тргнат на пат за нашата земја. Исто така, секој следен понеделник во мај е предвидени од 5 до 7 вакцини од Фајзер, со што ќе дојдеме до бројката од вкупно 26.000. Во контакт сме и со Ковакс системот за доставата на дополнителните вакцини од АстраЗенека, како и Спутник V, што треба директно да пристигнат од Русија“, рече Филипче, на прес-конференција по повод донацијата на респиратори од Кралството Норвешка.
Министерот додаде дека во земјава се пријавиле околу 150.000 граѓани за вакцинација.