Филипче: Досега се вакцинирани над 15.000 граѓани со АстраЗенека, несакани ефекти нема

од Nikola Popovski

Досега во земја со АстраЗенека се вакцинирани околу 15.500 граѓани, а денес до пладне вакцина примиле околу 1.000 лица, а несакани ефекти, освен оној кај 28-годишната девојка, засега нема, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција пред А1 арената „Борис Трајковски“, каде продолжува да се спроведува масовната имунизација.

„Несакана реакција во смисла на локална реакција која се очекува после вакцината, мало црвенило, болка… не е нешто што би требало да се пријави како ефект или нешто што би било од клиничко значење“, изјави министерот одговарајќи на новинарско прашање.

Тој уверува дека пристап до вакцината ќе имаат сите категории граѓани, вклучително и оние кои немаат матичен лекар. Иако секој има пристап до матичен лекар, и оние кои немаат одбрано, за вакцинација може да се обратат во Минитерството за здравство од каде велат дека ќе им биде обезбеден термин.

Денес во салата „А1 Арена“ се вакцинираат здравствени работници и наставници од прво до трето одделение.

loading...

Слични содржини