104
Клиниката за гинекологија и акушерство е позитивен пример за успешно функционирање, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејбук профил.
-Двојно е намалена смртноста на предвремено родените бебиња
-Спроведени се обуки за ефективна перинатална грижа и брза проценка на родилиштата согласно со курикулумите и препораките на Светската здравствена организација;
-Обезбедени се три респираторни машини – најнова генерација за високо фреквентна механичка вентилација за новороденчиња;
-Подобрени се условите за престој на родилките во клиниката;
-Бојадисани се сите 24 соби на одделението каде се наоѓаат родилките и бебињата.