Актуелно
Почетна / Македонија / Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за есенскиот бран на коронавирусот

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за есенскиот бран на коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил соопшти дека се подготвува здравствениот систем за есенскиот бран на коронавирусот.

„Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид- центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови. Целта е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни со ковид 19, без при тоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти“, напиша Филипче.

loading...