320
Горд сум на сите порцеси кои се одвиваа инклузивно, навистна сум горд на големата помош на премиерот Заев што интервениравме за да се зголемат примањата на здравствените работници. Горд сум што ниту еден пациент со ретка болест не остана без лек и што го укинавме паралелниот увоз на лекови.Горд сум на тимскиот дух, кажа министерот во заминување, Венко Филипче.
Тој напомена дека во наредниот период ќе иницира средба со новиот министер за здравство.
-Не се познавам лично со Беким Сали, но ќе иницирам состанок. Ќе му оставам порака да биде одговорен и транспарентен и достапен за новинарите, рече Филипче.