643
Министерот за здравство преку својот ФБ профил ги повика сите граѓани да се приклучат на „Коронавирус МК Koronavirus“ Вибер заедницата.
– Добивајте точни, официјални и брзи информации поврзани со КОВИД-19 на својот мобилен телефон. Ова е прв владин комуникациски канал на Вибер (Viber Community) отворен за целосно и навремено информирање на граѓаните за сите мерки за справување со коронавирусот, напиша Филипче.