404
Граѓаните за патување во странство може да извадат и сертификат доколку прележале Ковид 19.
-Оваа можност веќе од вчера ја нуди системот Мој Термин. Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk, информираше министерот за здравство Венко Филипче.