Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска заедно со потпретседателката Кристина Костова се сретна со граѓаните во Штип. На средбата, тие ги слушнаа грижите на луѓето за тешкиот живот, растечките цени и неподносливите сметки, додека платите остануваат исти или само малку се зголемуваат.
Филипче истакна дека сегашната власт го изгубила допирот со реалноста и не испорачала ништо од ветеното. Наместо решенија, гледаат ароганција и луксуз на грбот на граѓаните. Тој порача дека СДСМ ќе се обедини и ќе продолжи да работи на создавање вистинска алтернатива, слушајќи ги граѓаните и борејќи се за нивните права.
„Благодарам на Штип за поддршката“, порача Филипче.