Филипче изрази благодарност до граѓаните за трпението и почитувањето на мерките

од Берта Китинска
285 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово изрази благодарност до граѓаните за довербата во институциите, за нивното трпение и за почитувањето на превентивните мерки.

„Оваа година беше година во која здравствените работници покажаа како се работи професионално и посветено. Сите пациенти заболени од Ковид-19 беа навремено згрижени и тестирани“, рече Филипче при посетата на клиниката за Гинекологија и акушерство

Првото бебе родено во 2021 година е машко, родено една минута по полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Бебето е тешко 3 килограми и 650 грама и долго 51 сантиметар. Мајка е Бојана Смилеска од Скопје и ова е нејзино второ дете.

Слични содржини