„Ја примив вакцината Синофарм, но потенцирам дека сите вакцини се добри“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче пред арената „Борис Трајковски“.
Тој упати апел до сите да се пријават на сајтот „vakcinacija.mk“, а потоа системот „Мој термин“ ќе ги приоретизира понатаму.
„Одлуката беше членовите на Владата да се вакцинираат после пратениците, за да дадеме пример. Скоро сите министри добија термин и ќе добијат во наредните 14 денови. Тоа беше национална стратегија“, истакна Филипче, потенцирајќи дека втората доза од вакцината ќе ја прими после 3 недели.
Според последните информации од Министерството за здравство, на вакциналните пунктови низ земјава заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 84.312 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.135 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.606 граѓани.
Две дози на ковид вацкина досега примиле 20.650 граѓани. Со последните бројки 28% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
На сајтот вакцинација.мк пријавени се над 256.346 граѓани.