Филипче: Јас ќе се вакцинирам, верувам во вакцината

193 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче, по повод подготовките за почетоок на вакцинацијата против Ковид 19, потенцираше дека и тој самиот ќе биде првиот кој ќе ја прими вакцината. Ова следува веројатно по многуте дилеми кај граѓаните за тоа дали да се вакцинираат или не, односно дали вакцината ќе биде задолжителна или пак, слободен избор

„Jaс ќе се вакцинирам. Верувам во вакцината, таа е безбедна, ние го следевме процесот на развој и сите фази од клиничките студии. Вакцината ќе ја промени сликата со пандемијата, ќе го подигне имунитетот на населението насекаде во светот, а животот ќе се врати во нормала. Искрено верувам дека следната есен, следната Нова Година нема да има потреба за мерки никаде во светот, нема да има рестрикции и дека ќе им се вратиме на нашите животи онакви какви што беа пред Ковид-19“, посочи Филипче.

Слични содржини