Филипче: Како иден пратеник ќе го поддржам секој добар проект предложен во Собранието

од Симе Стоиков

Апсолутно ќе го поддржам секој добар проект или закон кој ќе биде предложен во Собранието, истакна Внеко Филипче во интервјуто за 360 степени. Тој рече дека како пратеник планира да предложи 10 до 15 законски решенија со кои ќе се подобри положбата на здравствените работници и пациентите.

„Имам помеѓу 10 и 15 предлог законски промени и решенија, кои што веднаш по изборот би ги предложил во Собранието. Со нивна имплементација ќе се подобри статусот на здравствените работници и на пациентите. Пред нас е период на интензивна работа а здравствените работници ќе почуствуваат голем бенефит и ќе видат дека им се обрнува многу внимание. Ние имаме огромен број на проекти, кои што подобрија многу сегменти во здравството“ – рече Филипче.

Тој рече дека и во минатото се спроведени голем број значајни проекти за пациентите.

„Тоа се платите на здравствените работници, тоа се оригиналните инсулини, тоа е биолошката терапија. До нашиот мандат луѓе, за жал, или летално завршуваат или одеа да се лекуваат во странство за таа биолошка терапија. Се реновираа огромен број на оделенија низ државата, се купи огромен број на опрема, точно димензионирана таму кај што треба за луѓето да не патуваат и да ги прават потребни интервенции и радиологиски испитувања ширум државата“ – заклучи Филипче.

Слични содржини