Филипче: Ќе се вакцинирам со првата вакцина која ќе пристигне во земјава

од Берта Китинска
143 прегледи

На прашањето со која вакцина би се вакцинирал министерот за здравство Венко Филипче, изјави дека пред се би им го отстапил местото на своите колеги кои директно се изложени на вирусот, но сепак како доказ дека вакцините се безбедни тоа ќе го стори веднаш со првата вакцина која ќе пристигне во земјава.

-Како ќе пристигнуваат вакцините така ќе ги имаме информациите за истите и ќе бидат соопштени на нашите граѓани. Вакцината на „АстраЗенека“ ќе пристигне во март и во смисла со која вакцина би се  вакцинирал и без намера да ја земам предност на колегите кои директно се изложени на вирусот во смисла на доказ дека  вакцините имаат ефект и дека граѓаните не треба да имаат сомнеж би се  вакцинирал помеѓу првите со било која вакцина која прва ќе пристигне во земјава како и со кинеската, вели Филипче.

Слични содржини