Филипче: Ќе се залагам СДСМ да донесе многу позитивни промени во општеството, а секој граѓанин да го почувствува тоа

од Берта Китинска
256 прегледи

Искрено му благодарам на претседателот Зоран Заев и членството на СДСМ за дадената доверба да бидам потпретседател на партијата, напиша на својот Фејсбук профил Венко Филипче, откако денеска на 26.Конгрес беше избран за потпретседател на СДСМ.

-Мотивиран од огромна и искрена желба за напредок на нашата држава, како потпретседател ќе се залагам СДСМ да донесе многу позитивни промени во општеството, а секој граѓанин да го почувствува тоа. Денешната поддршка што ја добив од моите сопартијци освен што ми даде голема енергија исто така е и огромна одговорност. Како дел од највисокиот одлучувачки орган на партијата секогаш ќе бидам на страната на граѓаните и ќе се залагам за унапредување на сите сфери од живеењето. За крај, и понатаму останувам целосно посветен на функцијата министер за здравство и битката со пандемијата, напиша Филипче.

Слични содржини