Филипче: Ќе следиме дали е варијација или тренд денешниот намален бројот на заболени од ковид-19

од Берта Китинска
184 прегледи

„Кризата повторно ескалираше на Балканот во Србија преку 300, Бугарија над 150 ,Албанија  над 70 во Косово преку 100 случаи на ден. Според СЗО, 60 проценти  од случаите се регистрирани во јуни ова е доказ дека има втор бран на вирусот, кој се појави како последица на опуштање на мерките и нивно не почитување“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој напомена дека предвидувањата на светските здравствени авторитети дека корона вирусот во текот на летните месеци ќе исчезне не се остварија.

„Денешната бројка на заболени останува да видиме дали е варијација или тренд. Тоа е уште една потврда дека Вирусот е тука и ќе остане очигледно подолго време, а ние мора да бидеме подготвени“, изјави Филипче.

Слични содржини