Филипче: Ќе помине возот за Европа, а власта нема ниту една реформа

-Шилегов го злоупотреби денот на годишнината на трагедијата во Кочани и ја нападна сопствената партија. Знаеме дека одработува за ВМРО-ДПМНЕ, вели лидерот на СДСМ

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Запрашан за тоа дали постапката за исклучување на Петре Шилегов од партијата треба да иде преку општинската организација СДСМ Карпош, лидерот на СДСМ, Венко Филипче тврди дека во партијата, суштината е да се изгради консензус и политики врз основа на различни мислења од многу луѓе. Според него, така ќе биде и тоа е суштината на градење на добри политики.

Филипче потенцира дека нема да дозволи, како што вели, некој да одработува за ВМРО-ДПМНЕ.

-Шилегов го злоупотреби денот на годишнината на трагедијата во Кочани и ја нападна сопствената партија. Знаеме дека одработува за ВМРО-ДПМНЕ. Остро ќе се спротивставиме кон секој што плука по партијата и се обидува да ја дели. Секое конструктивно мислење, ќе биде земено во предвид, кажа, меѓу другото, претседателот на СДСМ на денешната прес-конференција.

Филипче вели дека нема ниту една реформа со новата власт и дека ќе помине возот за Европа.

-Нема да не примат утре, ќе се сменат околностите во 2027. Многу брзо се менуваат, а ние ќе останеме слепо црево на Европа, кажа лидерот на СДСМ, додавајќи дека Шилегов не сака од него да ги презентира доказите за негова наводна соработка со ВМРО-ДПМНЕ.