Филипче: Лажниот патриотизам на Димитриевски заврши како бизнис проект, апелирам до разочараните членови на СДСМ да се вратат дома

од Марта Пешевска
187 прегледи

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средба со општинската организација на партијата во Неготино го обвини раководството на ЗНАМ и градоначалникот Максим Димитриевски за корупција и манипулации. Филипче истакна дека лажниот патриотизам на Димитриевски се покажал како параван за лични интереси и бизнис профити. Тој апелираше до разочараните членови на СДСМ кои гласаа за ЗНАМ да се вратат во партијата. Дополнително, Филипче упати критики за двојните стандарди на Димитриевски, кој, како што рече, соработувал со ДУИ и ги нарушил принципите за кои претходно се залагал.