218
Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет. Да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци, затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Тој повторно укажа на препораките: Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете.