Филипче: Македонскиот зелен пасош на граѓаните ќе им биде достапен веќе од следната недела

од Nikola Popovski
262 прегледи

Македонскиот зелен пасош на граѓаните ќе им биде достапен веќе од следната недела, објави попладнево министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Тој наведува дека документот ќе може да се добие преку матичен лекар и истиот ќе има QR код, кој преку вклучување на камерата од мобилниот телефон ќе може да го симнете во вашиот мобиле апарат.

„QR кодот односно дигиталната апликација има можност да содржи три податоци – податок за вакцинација (датум на вакцина/ревакцина и тип на вакцина), податок за негативен ПЦР тест (ќе се надградува со секое следно ПЦР тестирање) и податок за соодветна количина на детектирани антитела како доказ за прележана болест“, стои во објавата на министерот.

Слични содржини