Филипче: „Мала Богородица“ станува Ковид центар, трошоците за лекување нема да ги сносат граѓаните

од Vladimir Zorba

Министерот Венко Филипче вечерва изјави дека болницата Мала Богородица, односно старата „Систина“, да се користи како нов Ковид центар во кој ќе може да се сместат 100 пациенти.

Трошоците за лекување нема да ги сносат граѓаните кои ќе се лекуваат таму, појасни министерот.

„Заеднички се договоривме старата „Систина“ да се користи како инфективно одделение на кое ќе се примаат болни од Ковид-19“, изјави Филипче по средбата со сопствениците на трите приватните болници во Скопје.

Министерот за здравство очекува 100-кревети да бидат на располагање некаде на крајот на неделата, а кажа дека дотогаш и во државните болници ќе има сосема доволен број на слободни кревети.

Претставниците на приватните болници „Систина“, „Ремедика“ и „Жан Митрев потврдија дека целосно се ставаат на располагање на државата односно на Министерството за здравство со своите ресурси.

loading...

Слични содржини