„Тука сме затоа што да се биде СДСМ, никогаш не било само политичка определба. СДСМ е партија на борбата, на одлуките, партија која знае како се води држава кога е најтешко. Кога другите се криеја, ние преземавме одговорност, кога другите викаа, ние решававме. СДСМ е идеја. СДСМ е народот“, рече лидерот на партијата, Венко Филипче на 31. Конгрес на СДСМ.
Тој порача дека граѓаните ртреба да ја погледнат реалноста, а не онаа од, како што вели, лажниот ПР на Владата туку онаа од фрижидерот на работникот.
-Ветија гордост, а не донесоа до питачки стап. Ветија реформи, а донесоа грабеж од епски резмери. Донесоа тендери за своите блиски луѓе и грабеж на европски пари. Кога не чистиш снег или ѓубре во Скопје, тоа е неспособност, но кога го креираш Буџетот за 2026 година со дупка од 2 милијарди евра и за тоа треба да стигне ново задолжување, тоа е осмислен и невооружен грабеж на државата. Тоа е финансиско злосторство против иднината на децата. Тие пари се прелеваат во џебовите на нивната олигархија, кажа Филипче.
За Светскиот форум во Давос, лидерот на СДСМ вели дека премиерот Христијан Мицкоски глуми светски лидер и прави селфија во ходници.
-Пет дена не направи ниту една средба. Човекот беше турист. Додека дома државата пука со сите шавови, Мицкоски тера скап туризам, платен со народни пари. Македонија е во дипломатска изолација. Европа не отпиша, Америка не не запишува. Наместо во периметарот на САД, со Мицкоски завршивме надвор од кружницата наречена Европа, потенцира претседателот на СДСМ.