Филипче: Минатата година прекршувањата на мерките за Рамазан и Велигден доведоа до голем број новозаразени

од Nikola Popovski
279 прегледи

„Досегашните мерки дадоа резултат. Гледаме израмнување на епидемиолошката крива во голем број градови во земјата, дури и во Скопје. Најкритични градови се Битола, Куманово, Тетово и Кичево“, вели министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на емисијата „200“ на Алсат.

Според него, оваа дополнителна рестрикција има за цел да не се соочиме со дополнителен притисок заради прекршување на мерките за време на празниците.

„Почнуваат Рамазанските пости, пред нас е и Велигден, а сведоци сме дека минатата година прекршување на мерките за време на овие празници направи огромен број на новозаболени и притисок врз болниците“, рече Филипче.

Слични содржини