Филипче: Можно е укинување на мерката за носење заштитни маски на отворен простор

од Nikola Popovski
464 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера најавил дека е можно да биде укината мерката за носење заштитни маски на отворен простор.

„Можно е…Следната недела ќе има состанок Комисијата за заразни болести која ќе одлучува за понатаму. Овие мерки важат до 1- ви јуни“, вели Филипче во изјава за ТВ 21.

Редакцијата на „Локално“ од свои извори, уште вчера информираше дека маските нема да бидат задолжителни на отворено од 1.јуни.

Епидемиолошката состојба во земјава се подобува, бројот на новозаразени лица и хоспитализирани се намалува, па оттука Комисијата за заразни болести најверојатно ќе предложи укинување на оваа мерка.

Маските станаа задолжителни со самиот почеток на пандемијата минатата година во март, како главно средство за заштита од истата и во затворени простории и на отворено. Казната за неносење на маска, шал или марама за граѓаните кои ќе бидат затекнати на јавни површини, е 20 евра. За фирмите, пак, кои не обезбедуваат заштитни маски за вработените, казната изнесува од 500 до 2.000 евра. МВР секојдневно известува за стотици казнети граѓани кои биле затекнати на отворен простор без маска.

Слични содржини