Филипче на средба со поглаварите на МПЦ и ИВЗ: Се согласивме сите активно да придонесеме во битката со пандемијата

од Viktor Jovanov
269 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска се сретна со поглаварот на МПЦ-ОА Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и поглаварот на ИВЗ, Реисул Улема хаџи Шаќир. Како што информираше Филипче на социјалните мрежи, на средбата се разговарало за акутелната состојба со коронавирусот, претстојните верски празници и ризиците кои ги носи групирањето на верниците во затворени простории.

Според Филипче, донесена е едногласна одлука сите чинители активно да придонесат во битката со пандемијата и понатамошна комуникација.

-На средбата разговаравме за актуелната состојба со коронавирусот при што им укажав на ризиците кои ги носи групирањето на верниците во затворени простории за време на претстојните верски празници. Се согласивме дека сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и договоривме интензивна комуникација во следниот период, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Слични содржини