Филипче: Намален е приемот на пациенти во болниците, но смртноста кај заболените од ковид е висока

од Берта Китинска
240 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека смртноста кај заболените од ковид-19 е висока кај пациентите кои доаѓаат доцна во болница.

“Анализата покажа дека смртноста е висока посебно во првите два три дена кај најтешките случаи. Околу триесетина како апсолутна бројка, 20 случаи или 9 проценти починале меѓу вториот и петтиот ден, значи биле примени во крајно лоша состојба“, вели Филипче.

Тој изајви дека болничките установи не се пеполнети и дека во болницата во Козле има место.

„Трендот покажува дека има намалување на прием на пациенти. Вчера, прв пат, испишавме повеќе пациетни отколку што беа примени“, изјави Филипче.

Слични содржини