Филипче: Не можеме повеќе да слушаме како некој се обвинува дали бил лав, орел или маче

„Ги слушам меѓусебните обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и сметам дека граѓаните не можат да видат ништо добро од такво подгревање на национализам и такви празни флоскули“, порача Филипче

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Принтскрин

„Ги слушам меѓусебните обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и сметам дека граѓаните не можат да видат ништо добро од такво подгревање на национализам и такви празни флоскули. Им е преку глава, имаат секојдневни проблеми во делот на економијата. Сите политички чинители треба да сфатат дека треба да се зборува сериозни теми“, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче за острата реторика меѓу двете партии на почетокот од изборната кампања.

Филипче потенцира дека не може повеќе да слушаме „како некој се обвинува дали бил лав, орел, врапче или маче“. Дециден е дека има сериозни теми за локалната самоуправа, даноците, реформите…

Претседателот на СДСМ ја коментираше и изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека сме „петти во Европа по раст на платите“.

-Премиерот може да каже што сака, но реалноста е дека платите паѓаат веќе трет месец по ред. Граѓаните нема да веруваат во лажни изјави затоа што тие најдобро знаат дали може да се сврзат крај со крај во текот на месецот. Не знам зошто власта не ги користи сите механизми кои ги има. Тешко е да се даде одговор, истакна Филипче.