Филипче: Не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот

од Nikola Popovski
104 прегледи

Не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот, кратко изјави лидерот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче за видеото со забавата во Дубаи, на кое е прикажан во присуство на екс-премиерот Зоран Заев.

На социјалната мрежа Фејсбук се појави видео од Филипче и Заев како се забавуваат на забава на која пее српскиот пејач Харис Џиновиќ. Видеото е снимено минатата недела во Дубаи.

Двајцата се веселат на забава за која се верува дека е настапот на Ѓиновиќ во хотелот Хилтон во Дубаи на 25 и 26 октомври.

На снимката се гледа како актуелниот лидер на СДСМ седи во агол и со мобилниот телефон снима или фотографира дел од изведбата на пејачот, додека Заев е во непосредна близина на Џиновиќ.

Слични содржини