Филипче: Не сакаме да дозволиме, заради непочитување на мерките да имаме повторен пик

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави попуштање на дел од рестриктивните мерки, воведени како резултат на корона кризата. Во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат тој нагласи дека истовремено со попуштањето на ограничувањата граѓаните мора одговорно да се однесуваат кон мерките за превенција. Во спротивно, најави повторно воведување на рестрикциите.

„Сето ова се еден пакет на попуштање на рестриктивните мерки. Граѓаните мора да бидат свесни дека мора да се придржуваат до препораките, пред сѐ носењето на маската и одржувањето на дистанцата. Не сакаме да дозволиме, заради непочитување на мерките да имаме повторен пик, којшто ќе нѐ врати назад кон рестриктивни мерки“, рече Филипче.

Тој очекува неделава да почнат со работа кафетериите и угостителските објекти. Филипче нагласи дека истовремено со почетокот на нивната работа ќе мора да се почитуваат и веќе познатите мерки за превенција.

„Во принцип, станува збор за одржување на дистанцата и лимитирање на бројот на луѓе коишто може да седат на еден простор“, рече Филипче.

Слични содржини