Филипче: Нема простор за паника од новата мутација останува да се почитуваат мерките

од Берта Китинска
149 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче напоменува дека нема простор за паника по детектирањето на првиот случај со британскиот сој на коронавирус во земјава.

-Ќе се направи детална епидемиолошка анкета на пациентот кај кого беше откриен новиот тип на вирус. Ова беше очекувано и практично и една ваков тип на вирус лесно се адаптира. Нема простор за паника останува да се почитуваат превентивните мерки. Оваа мутација лесно се шири познато е дека типот на формата на болест е полесна ова е сигнал дека мерките мора да се почитуваат очигледно дека маските и дистанцата се клучни за заштита од  вирусот, вели Филипче во вестите на Канал 5.

Тој напомена  дека доколку се случи нов наплив на пациенти здравствениот систем е спремен.

-Податоците покажуваат дека од новата мутација се заразуваат помлади лица.Оваа мутацијата не мора да значи дека е увезена , бидејќи и самиот вирус во некоја средина се соочува со некој имунитет и мутира и не е чудно ако немал човекот контакт со странство, објасни Филипче.

Слични содржини