Носењето на заштитна маска на лицето станува задолжителна за граѓаните. Оваа мерка ќе важи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично, вели министерот за здравство Венко Филипче.
„Граѓаните ќе треба да носат респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично.
Мерката нема да важи при:
Спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита;
Возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лица со кои заедно живее
Престојување во двор на семејна куќа или во угостителски објект со почитување на протоколите за заштита
Мерките за носење на маска не важат за лица помлади од шест годишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој.
За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19. Тие се единствените мерките кои може да го спречат ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни и совесни, да го сочуваме сопственото, но и здравјето на нашите најблиски“, пишува Филипче.