Филипче: Нови 500 термини за тестирање за Скопјани

311 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната пресконференција покрај загриженоста од високите бројки и апелот да се излегува само ако е неопходно, посочи и дека капацитети има во клиниките, но и тоа дека сепак иако истите стануваат нови Ковид центри нема да има застој во нормалното функционирање преку Мој термин.

„Покрај овие информации, поради зголемениот број сакам да ги информирам граѓаните дека од понеделник во Скопје ќе бидат отворени дополнителни 6 пункта, со што на дневно ниво ќе имаме расположливи 500 термини за тестирање. Исто така, сакам да информирам дека се пристигнати вакцините за сезонскиот грип и дека истите ќе можат да се примаат веќе од вторник“, истакна министерот Филипче.

Тој одговарајќи на новинарско прашање, посочи и дека се очекува да пристигне донацијата од Кина од 60 возила за итната медицинска помош

И покрај тоа Филипче повторно апелираше на дисциплина и солидарност кај граѓаните, како и фактот дека клучот во целата битка е придржувањето на мерките. Потенцираше и дека не само кај нас, регионално и светски, состојбата е навистина загрижувачка

 

Слични содржини