Филипче: Обезбедени 61 единица крвна плазма, да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со вирусот

од Берта Китинска

Министерот за здравство на својот Фејсбук профил информираше дека досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма.

„Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19. Крвна плазма може да дарува лице кое има оздравено од коронавирус. Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски!“, напиша Филипче.

Слични содржини