Филипче објасни дали ќе има трета доза на вакцина против Ковид-19

од Nikola Popovski
150 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче денес објасни дека се уште не се знае дали ќе има трета доза на вакцината против коронавирус.

-Се уште нема цврст и јасен став дали ќе биде потребна трета доза на вакцина, иако почнаа да излегуваат препораки и публикации за потреба од трета доза од вакцината против коронавирусот, рече Филипче.

Според него, никој не може со сигурност засега да каже каква ќе биде иднината во однос на вакцинацијата.

„Дали овие две дози ќе бидат доволни или можеби ќе треба и трета, не може со сигурност да се каже. Се поставува и прашањето дали третата доза би била од истиот производител или различен, или пак, некое трето сценарио, па оваа вакцина да прерасне во форма на сезонска вакцина“, истакна Филипче.

Тој најави дека утре треба да пристигна 10.000 вакцини на „АстраЗенека“, донација од Хрватска, а во текот на наредната недела се очекува иста количина од вакцината „спутник“.

Слични содржини