Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна конференција во Атина остро ја критикуваше актуелната влада во Северна Македонија, нарекувајќи ја „десничарска и авторитарна“, со оценка дека не прави доволно за напредок во европските интеграции. Во своето обраќање, тој потсети и на значењето на Преспанскиот договор, кој, според него, претставувал пример за визионерско лидерство и храброст, благодарение на кое Северна Македонија станала членка на НАТО.
Според него, благодарение на тогашната политичка волја и соработка меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, се надминал деценискиот спор кој ѝ го блокираше патот на државата кон НАТО.
„Преспанскиот договор реши децениски проблем меѓу Македонија и Грција и овозможи на Македонија да стане членка на НАТО, за жал не станавме на ЕУ. Но амбицијата е се уште тука но сега имаме десничарска влада во нашата земја која нема волја да ја турка земјата напред и тоа сега е како вакцина која ја примивме со НАТО, а сега не ја примивме втората доза“, изјави Венко Филипче.