Филипче одговори дали С. Македонија ќе им дава парични награди и ваучери на вакцинираните лица

од Nikola Popovski
340 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче денес одговараше на новинарско прашање, дали нашата земја, по теркот на Србија ќе им дава парични награди на вакцинираните лица и дали граѓаните ќе можат да се вакцинираат без претходно закажување.

„Засега не. Апелирам до сите се пријават на сајтот. Количината на вакцини во Србија, како единствена земја во светот, која што им е на располагање на граѓаните, е многу поголема од тоа што ние го имаме во овој момент. Верувам дека и тоа ќе се смени, па тогаш кога ќе го постигнеме тоа ниво, ќе можеме да зборуваме за отворање на пунктовите“, извести министерот.

За граѓаните на Србија, да бидат дополнително мотивирани за вакцинирање, оние кои ќе дојдат први на пунктот за вакцинанација во трговскиот центар „Ушче“, денеска, утре и во сабота ќе бидат наградени. Обезбедени се ваучери во вредност од 3.000 динари (околу 1.500 денари) за шопинг за првите 100 лица кои денеска ќе бидат меѓу првите.

Државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек за РТС изјави дека државата до секој поединец сака да ја приближи вакцината на лесно достапни места за вакцинација.

Слични содржини