232
Министерот за здравство Венко Филипче, денеска информираше дека одлуката за попуштање на мерките не е политичка.
-Одлуката за попуштање на мерките не е политичка. Во телефонски разговор со членовите на Комисијата за заразни болести беше донесена заедничка одлука.Поради празниците немаше состанок.Мерките се донесени врз основа на намалување на бројот на заболени. Денеска има околу 300 нови случаеви воедно намален е и притисокот врз болничките одделенија.Доколку трендовите на намалување продолжат ќе следат нови попуштања на мерките, вели Филипче.